Чекори на инсталација

1. Појдете на страницата http://biznisheroj.mk.
Во паѓачкото мени, изберете „Софтвер за спојување на серверот“.
openvpn_install_01

2. Во десната колона на страницата (означена со бр.1 на сликата), има две копчиња. Преземете ја соодветната верзија, за вашиот тип на систем.
За да одредите кој тип (32 или 64-bit) на систем го имате, погледнете ја оваа страница: „Одредете дали имате 32 или 64-битна верзија на Windows 7/8/8.1
openvpn_install_02

3. Откако ќе заврши преземањето, кликнете во download менито (бр.1 на сликата) – користете Mozilla Firefox. Потоа, со клик на преземениот програм (бр. 2), стартувајте ја инсталацијата…
openvpn_install_04

4. Ќе се појави Security Warning (на Windows 7 и погоре), кликнете на Run. Инсталацискиот програм ќе се отвори.
openvpn_install_05

5. Во отворениот инсталациски програм, кликнете на Install.
openvpn_install_06

6. После неколку секунди работа, ќе се појави Security Warning (на Windows 7 и погоре) за инсталација на драјверот за OpenVPN. Чекирајте го боксот Allways trust… (бр.1 на сликата) и кликнете Install (бр.2).
openvpn_install_07

7. После неколку секунди работа, ќе се појави порака „Completed“. Инсталацијата на програмот и драјверот е завршена. Кликнете на Next за да продолжите со инсталација на клучевите.
openvpn_install_08

8. На овој екран, кликнете на Изберете конфигурациска датотека….
Ќе се отвори Windows избор, најдете ја и изберете ја датотеката со клучевите која ви е испратена. Тоа е Zip датотека, со име на клучот и „bizheroj-vpn-keys“ во името.
openvpn_install_09

9. Откако ќе ја изберете, (нејзиното име треба да се гледа во полето), кликнете на Next.
openvpn_install_10

10. Ова е завршниот екран на инсталацијата. Кликнете на Close за да завршите.
openvpn_install_11

Стартување на инсталираниот програм

Упатство за стартување на OpenVPN програмата и употреба, имате на следниов линк: Стартување на OpenVPN GUI во Windows 7 или Windows 8.