Овде ќе објасниме како се поставува вашето лого за да се печати на документите.
Повикување
Повикајте го менито „Шифрирање“. Во него, кликнете на изборот „Компанија“.
Вчитување
Во табот „Лого“, вчитајте ги потребните логоа. Следете ги упатствата за препорачана големина (во пиксели).
Датотеките со логоата треба да бидат во формат PNG (препорачано) или JPG.
После секое вчитување, кликнете на „Сними“ под логото. Ако сакате да го тргнете логото, кликнете на „Без лого“ и „Сними“.
Овозможено е вчитување на два вида на логоа (ако имате потреба): на кирилица и латиница (за документи кои одат во странство).
Подесување
Изберете го табот „Печатење“ и подесете ги изборите како на сликата. Во полето „Услови во фактура“ поставете ги вашите услови. Тие ќе се печатат во футерот (подножјето) на фактурата.
Задолжително кликнете „Сними“ долу лево на панелот!