Најпрво преземета ја и инсталирајте ја апликацијата OpenVPN која е достапна на следниот линк:
Потоа, преземете го клучот кој ви е испратен по меил.
1) отпакувајте ја (unzip/unrar) содржината од фајлот во атачмент на работната површина – Desktop
2) копирајте ги четирите фајлови кои се отпакуваа (десен клик > Copy)
3) отворете My Computer (или This PC) и одете на следната локација: Local Disk C > Program Files > OpenVPN > config
4) во config фолдерот изберете десен клик > Paste и кликнете на Yes на сите прозорчиња што ќе ви излезат на екранот
Стартувајте ја апликацијата OpenVPN преку иконата на работната површина (Desktop) и во десниот долен агол (кај часовникот) на иконата со мониторче изберете Десен клик > Connect.
За да ни овозможите далечинска поддршка до вашиот компјутер, инсталирајте ја апликацијата Rust Desk која е достапна на овој линк:
Ако сакате да има автоматско конектирање на OpenVPN клиентот, јавете се на техничка поддршка. Поради сложеноста на процедурата, во моментов не нудиме упатство за оваа постапка. Ова не е неопходен чекор и апликацијата ќе работи без никаков проблем.
ВАЖНО: Еден клуч може да функционира само на еден компјутер!