Print Friendly, PDF & Email
1. Обработка на попис
Стартување на програмата
 
Selection_088.png
Внос на параметрите
  1. Избери магацин
  2. Документот за попис мора да биде „Контролен попис“
  3. Автоматски ќе се добие датумот на последниот контролен попис. Ако одговара, треба да се остави, ако не, да се избере соодветниот датум
  4. Избор до кој датум имало промет. Ако се правени документи на 31/12 во годината, треба да се стави тој датум. Ако не, оној на кој е направен последниот документ во годината
  5. Обработка на пописот – задолжително. Со ова, се подготвуваат податоците за кусок-вишок листите
Selection_089.png
2. Креирање на листи за кусок и за вишок
Листите се креираат посебно.
Се стартува програмата
Selection_086.png
Се бираат следните параметри
  1. Магацин за кој е вршен пописот
  2. Типот на документ за попис (Контролна листа или Попис), датум на пописот и датум на прометот (ќе се појават автоматски)
  3. Тип на листа: Кусок или Вишок
  4. Се извлекува листата
  5. Се креира соодветниот документ. Овој чекор се прави само кога се сака автоматска изработка на Записник за кусок/вишок по попис. Се креираат документи кои ја порамнуваат пописната состојба – ја сведуваат на нула.
Најдобро е да се креираат документи посебно за вишок, посебно за кусок. Документите можат додатно да се обработат/избришат – опишано во следниот чекор.
ВНИМАНИЕ! Листите не можат да се креираат по два или повеќе пати. Доколку сакате да ги изработите повторно, прво треба да се избришат! (Ова е опишано во следниот чекор)
Selection_090.png
3. Преглед и поправка на Записници по попис (документи за кусок-вишок)
Стартување на програмата
Selection_087.png
Се добива стандарден внос на документи, со излистани записници по попис (т.е. листи на кусок и вишок претворени во документи).
Овие документи можат да се обработуваат (поправаат или бришат, или да се поправаат ставки), како и секој нормален документ.
Selection_085.png