Овој модул служи во случаи кога наплатата на прометот се одвива без фискална каса – при наплатата се издава расписка (квитанција), а прометот е направен со комбинирано издавање на стока и давање на услуга.

При вакви случаи (најчесто при работа на терен), тешко може да се одреди кој дел од наплатената сума е за издадена стока, а кој за услуга. Применет е метод на посредно пресметување на потрошените материјали, и пресметковно добивање на износот на услуга.

Истиов модул овозможува коректно раздолжување на задолжените стоки и материјали (залиха).

Начин на обработка

Внос на готовинска наплата

Во полето означено со број 1 (избери магацина) се бира за која станица се внесува прометот.

Во полето означено со број 2 се внесува даночната стапка по која се внесува прометот.

Во полето означено со број 3 (опис) се внесува од кој до кој број на квитанција се внесува прометот

Внос на состојба на залиха

Внос на состојба на залиха
Внос на состојба на залиха
(кликнете за поголема слика)

Прегледи