Модулот работи така што, на основ на издадени фискални сметки, прави автоматски пренос на податоците (изработува документи) од Магацинот на големо во малопродажниот објект (продавница).

Модулот се стартува во подменито Малопродажба/Автоматска изработка на ПЛТ и Преносница од сметка

Откако ќе се стартува, се избираат параметрите – вообичаено, тие се пред-избрани, и сѐ што треба е:
1. Да се избере периодот и да се кликне на изборот „Извлечи листа на сметки” (бр. 1).
2. Откако ќе се добие листата, се избираат сметките. Ако сакате да бидат избрани сите, се кликнува на чекбоксот во заглавието (бр. 2).
3. Со кликнување на „Изработи ПЛТ/Преносница” (бр. 3). Се појавува барање за потврда, и – после неколку секунди, документите се изработени.
Ќе се освежи листата и ќе бидат пополнети колоните со жолта позадина, со податоци за изработените документи.
4. Постои можност одредени документи да се избришат. Тоа може да се направи со избор на „Бриши документи” (бр. 4). Сите поврзани документи и ставки за избраните сметки ќе бидат избришани.
Важно: Оваа акција НЕ ги брише сметките! – Само поврзаните документи.

Изработените документи можат да се проверат и отпечатат со избор 1 или 2 во менито „Малопродажба”
