При вршење на продажба на мало, задолжително и редовно мора да се изработуваат сетот од документи Приемен Лист во Трговија (ПЛТ) и Евиденција во Трговија (ЕТ).
Ова е законска обврска која е наведена во Законот за трговија и подзаконските акти кои произлегуваат од него.
Овој сет од документи се изработува автоматски во неколку лесни чекори.
Овој процес, пред сѐ, е наменет за фирми кои, при вршење на продажба на мало, немаат посебни малопродажни објекти (продавници), продажбата ја вршат од своите големопродажни магацини, а при тоа користат готовинска фактура.
Изработка на ПЛТ-а
Отворете го програмот „Изработка на ПЛТ“.
- Во полињата „Период“ (бр. 1 на сликата) изберете го периодот за кој сакате да изработите ПЛТ. Овој период е најчесто 1 ден, но може да се изработи и за повеќе денови оддеднаш.
- Во полето за опфат на документи кои ќе бидат прикажани (бр.2 на сликата) подразбрана вредност е „нереплицирани документи“, но со промена на вредноста може да се видат и документите за кои е веќе изработен ПЛТ. Документот (вообичаено, се работи за готовинска фактура), е „реплициран“ ако поминал низ процесот на негова репликација во приемен лист во магацинот на мало.
- Со клик на копчето „Извлечи листа“ (бр.3 на сликата) се добива листа (бр.4 на сликата) на документи за кои може да се изработи ПЛТ.
- Се обележуваат документите за кои сакаме да се изработи ПЛТ (со штиклирање во левиот дел од ставката) и се притиска копчето „Изработи ПЛТ“ (бр.5 на сликата). По неколку секунди ќе добиете порака дека документите се реплицирани.
Со оваа постапка, направено е реплицирање на сите одбрани документи (во овој случај фактура/готовина) од Главниот магацин, во магацинот за малопродажба во документи во форма на приемници на мало – ПЛТ.
Доколку треба да се реплицира сторно фактура за готовина постапката е потполно иста со тоа што во полињата Документ тип избирате „Сторно фактура готовина“ и „сторно ПЛТ“.
Печатење на подготвените ПЛТ-а
Отворете го програмот „ПЛТ – Печатење на приемни листови во трговија на мало“.
Повторно, во полињата „Период“ (бр.1 на сликата) изберете за кој период сакате да ги печатите документите.
Притиснете го копчето „Извлечи преглед“ (бр.2 на сликата) и во листата (бр.3 на сликата) изберете ги документите кои сакате да ги печатите. Притиснете на копчето Приемен лист ПЛТ“ (бр.4 на сликата).
Ќе ви се отвори нов таб каде во pdf формат ќе ви отпечатени бараните документи. Доколку не ви се отвори нов таб проверете дали во вашиот прелистувач е подесена опцијата за pop up екрани.
Внесување на фискален промет
Отворете го програмот Фискален промет.
Пред да почнете со внесување на фискален промет, од вашата фискална каса извадете конечен извештај за промет за денот (или периодот), според упатствата од производителот на фискалната каса.
Внимание! Овој конечен извештај за промет перманентно го впишува прометот во фискалната меморија и не може да биде изменет. направете ги сторната и корекциите пред операцијата.
Потоа, во левата страна од екранот (бр.1 на сликата) внесете го датумот, бројот на каса (ова, доколку поседувате повеќе од една фискална каса – продажно место, инаку Каса број 1), бројот на фискалниот извештај и остварениот промет. Со кликање на копчето „сними“ податоците се снимаат и се прикажуваат на десната страна од прозорецот (бр.2 на сликата).
За поправка на внесен податок, од листата десно (бр.2) се кликнува на редот кој треба да се поправи, податоците се појавуваат во левиот панел на формата, се поправаат, и се снимаат назад.
Повиканиот промет може и да се избрише со клик на копчето „Бриши ставка“, кое се наоѓа во главниот алатник (toolbar) на врвот на формата.
Со внесување на фискалниот промет, всушност, во сметководството се создава и се прекнижува „благајнички извештај“. Овој извештај е пратечки извештај на ПЛТ-то за соодветниот ден.
Податоците од овој извештај, комбинирани со податоците од ПЛТ, се потребни за креирање на извештајот „Евиденција во трговија – ЕТ“
Печатење на образецот ЕТ
Отворете го програмот „ЕТ – Евиденција во трговија на мало“.
Слично како и при печатење на образецот ПЛТ, изберете за кој период сакате да добиете извештај, кликнете на копчето „Евиденција во трговија“. Ќе добиете листа на сите создадени ПЛТ-а за дадениот период со сите законски предвидени податоци за истиот.
Со кликнување на копчето „Отпечати ЕТ“ може да го отпечатите бараниот образец.