Во случај кога применицата е и калкулација внесувањето и пресметувањето на трошоците може да се прави на два начини:

I. Раздвојување на трошоци Нето износ од влезен документ и ДДВ% од влезен документ. Овој начин е корисен при контрола на износите поготово кога во документот има два  ДДВ%

Во двата случаеви во насловот на документот се внесуваат сите задолжителни полиња
Внесување на трошоци
1. Трошок влезна фактура
1.1. Во Група на трошок се бира – Изворен документ – Денарска фактура (за денарски прием)
1.2. Во Тип на трошок се бира – Денарска фактура од добавувач
1.3. Во Полето на Вредности се внесуваат полето Износ нето – нето износот од фактурата
1.4.Во полето ДДВ се внесува износот на ддв од фактурата

Ова е потребно за да при прекнижувањето во финансово на конто 220 се прокнижи целиот износ на обврски за плакање на добавувачот, а нето износот се користи да се вкалкулира во набавната вредност по ставките од приемот.

2. Трошок ДДВ
2.1. Во Група на трошок се бира – ДДВ
2.2. Во Тип на трошок се бира – Влезен ДДВ хх% ( во зависност од процентот на ДДВ)
2.3. Во полето ДДВ се внесува износот на ДДВ од фактурата

Доколку има во фактурата продукти со 5%и 18% ДДВ се внесуваат двата износи на ДДВ во тип на трошок ДДВ
Ова внесување е потребно за да се прокнижи ДДВ на соодветното конто за ДДВ

Внесување ставки и пресметка на калкулација

Откога ќе се внесат сите трошоци, се оди во внос на артикли, овдека се внесуваат ставките од приемниот документ. Одкога ќе се внесат сите ставки се клика на копчето Пресметај цена. Со оваа  функција сите трошоци ќе се распределат по ставките во документот.
Сите внесени трошоци освен изност за ДДВ влијаат на набавната цена на продуктуте.

II.Внесување на трошок од влезен документ – Бруто вредност на фактура (нето+ДДВ)

Во овој случај ДДВ се пресметува од внесениот ДДВ% во продуктите. Овој начин е поедноставен но затоа пак доколку се појави разлика во износите (влезен документ и податоците на компјутер) откривањето на грешката е потешко

Внесување на трошоци
1. Трошок влезна фактура
1.1. Во Група на трошок се бира – Изворен документ – Денарска фактура (за денарски прием)
1.2. Во Тип на трошок се бира – Денарска фактура од добавувач
1.3. Во Полето на Вредности се внесуваат полето Износ нето – бруто износ од ф-ра нето +ДДВ (износ кој ќе се прокнижи на конто 220)

Внесување ставки и пресметка на калкулација

Откога ќе се внесат сите трошоци, се оди во внос на артикли, овдека се внесуваат ставките од приемниот документ. Одкога ќе се внесат сите ставки се клика на копчето Пресметка на цена. Со оваа  функција сите трошоци ќе се распределат по ставките во документот.
Сите внесени трошоци освен изност за ДДВ влијаат на набавната цена на продуктуте.

 

 

Препорачуваме прво да се внесат трошоците па потоа ставките,  но доколку прво се внесат ставките и пуштите пресметка на цена, а потоа ги внесете трошоците, треба да ја повторите постапката, односно повторно да пуштите Пресметка на цена.