Повикување на панелот за транспортни услови

Панелот за транспортни услови се повикува со кликнување на копчето „Транспорт“ во главниот алатник на апликацијата (бр.1 на сликата). Ова копче се наоѓа во сите три панели кои служат за внос на документи: Листа на документи, Внос на Наслов на документ и Внос на ставки во документот.
За да може да се избере опцијата кога се наоѓате во Листа на документи, претходно мора да имате избрано документ од листата.
Во листата на документи постои колона (бр. 2 на сликата), во која се наѓа кратенка која го означува видот на транспортот за секој документ. (Вид на транспорт не мора задолжително да се избере, тогаш оваа колона е празна).

transport_001

Панел за транспортни услови

Панелот е поделен во неколку дела:

  1. Информации за документот за кој се внесуваат условите
  2. Информации за алтернативна адреса за испорака (доколку ја има) – бр. 1 на сликата
  3. Информации за транспортните услови – бр. 2 на сликата
  4. Информации за пополнување на товарниот лист – бр. 3 на сликата

transport_002

Алтернативна адреса за испорака (бр.1 на слика)

Доколку имате алтернативна адреса за испорака на стоката, овде се внесува таа адреса. Ако приемачот каде што се испорачува стоката не е пријавен во базата, не мора да го пријавувате, адресата внесете ја во полето за опис, веднаш под шифрата и називот. Ова поле може да се искористи и за други информации.
Доколку адресата за испорака е иста со онаа на купувачот, можете да ја ископирате од оригиналната со кликнување на „Постави исто со комитент“. Овој чекор не е задолжителен, бидејќи информацијата за место за испорака веќе постои кај комитентот.

Транспортни услови (бр.2 на слика)

Транспортните услови не се задолжителни за исполнување, иако, ако сакате да печатите Товарен лист, минимално мора да се внесат: Тип на транспорт, Опис на типот (Регистерски број на возилото) и Превозник.

  • Во полето „Паритет на испорака“ се внесува која е дестинацијата за испорака и под кои услови се врши испораката. Овој податок воглавно се користи во меѓународен транспорт. Во полето „Опис“, можете да внесете додатна забелешка за паритетот (доколку ја има).
  • Во полето „Транспортен документ“ се наведува документот кој ја придружува стоката при транспортот. Воглавно се користи при меѓународен транспорт. Во полето „Опис“, можете да внесете додатна забелешка за паритетот, број, ознака, итн. (доколку ги има).
  • Во полето „Транспорт тип“ се наведува кое транспортно средство се користи за вршење на испораката. Задолжително за товарен лист. Во полето „Опис“, можете да внесете додатна информација за транспортното средство: регистерски број, број на лет, број на железничка пропратница, итн. Регистерски број на возилото е задолжителен за товарен лист.
  • Во полето „Превозник“ се внесуваат додатни информации за лицето кое го врши превозот, вообичаено неговото име, но понекогаш и број на лична карта, или друг документ. Задолжително за товарен лист.
  • Во полето „Адресница“ се внесува бројот на пропратницата или испратницата ако испораката се врши преку накој сервис за испорака.

Сите податоци од полињата Паритет, Транспортен документ и Транспорт тип, можат да се дополнуваат и менуваат со кликнување на иконките „+“, веднаш до полето за избор. Се појавува стандарден панел за одржување на табелите со податоци.

Товарен лист (бр.3 на слика)

Сите податоци во оваа рамка се задолжителни за товарен лист.
Освен општите информации, се дефинира и начинот на приказ на ставките во листот, како и вкупната тежина на стоката која се превезува.

  • Податоци за стоката“ – Општ опис на стоката која се превезува. Неколку збора со кои се опишува видот на стоката.
  • Забелешки/ограничувања“ – Дали постојат забелешки и/или ограничувања во транспортот, испораката, начинот за ракување (да се чува на ладно, кршливо, влага, опасно, итн.). Слободен текст, не е задолжително.
  • Дополнителни инструкции“ – Дополнителни инструкции за превозникот кои тој треба да ги почитува при вршење на превозот (рута, услови за испорака, време за испорака, итн.). Слободен текст, не е задолжително.
  • Кој ја презема стоката“ – Доколку се знае името на лицето кое ја презема стоката, се впишува, доколку не, се пополнува во моментот на испорака (добро е овој податок потоа да се внесе во податоците, заради евиденција).
  • Вкупна бруто тежина“ – Вкупна бруто тежина на стоката. Ако се кликне на иконката „refresh“, десно од полето, ќе се добие тежината пресметана од ставките на документот. Ако овде се внесе тежина, т.е. број поголем од нула, ова е податокот кој ќе се отпечати како “тежина“ во Товарниот лист. Може да биде различна од збирот на тежината по ставки.
  • Тежина од ставки“ – информативно поле кое ја покажува тежината пресметана од ставките на документот.
  • Печати ставки во товарен лист“ – Дали во товарниот лист ќе се печатат поединечните ставки од документот. Ова е за да се избегне големо печатење на повеќе страни доколку документот има многу ставки.
  • Сними“ – Ги снима внесените податоци.
  • Печати товарен лист“ – Ги снима внесените податоци и го печати Товарниот лист.

Напомена: Товарниот лист може да се испечати и без да се отвори овој панел. Треба да се избере документот и во изборот за печатење, на крајот на листата, се наоѓа и можноста за печатење на Товарен лист.
Освен на македонски, Товарниот лист може да се испечати и на англиски, за потребите на меѓународен транспорт. Изберете „Packing List“ од изборникот за печатење.
Овие документи можат да се испратат и по електронска пошта, на вообичаениот начин.

Товарен лист

Овде е прикажан изгледот на товарниот лист за печатење.

transport_003