Ова е системот за помош на Infoproject, специфично наменет за начинот на употребата на Infomatrix.

Infomatrix е ERP систем кој е врв на својата класа во Македонија и регионот. Со Infomatrix се овозможува опфат на работењето на средни и големи компании во сите точки на нивното работење. Тоа е само-контролирачки и само-корективен систем кој соработува со неговите корисници, и со кој лесно се управуваат и контролираат сите процеси на движење на информации и документи низ компанијата.

Што претставува ERP?

ERP или Enterprise Resource Planning (Управување со ресурсите на компанијата) е софтвер кој им овозможува на компаниите да го интегрираат управувањето на сите свои активности и ресурси преку единствен софтверски систем.

Во светот, повеќето мали, средни и големи компании користат ERP за да управуваат со различните аспекти на нивните бизниси.

Се работи за софтверска архитектура чија цел е да го насочува текот на информациите помеѓу сите бизнис функции во границите на организацијата, но и да управува со поврзувањата со надворешните интересенти и побарувачи. Опфатот на функции може да се одвива во производството, продажбата, набавката, планирањето, финансиите, човечките ресурси, итн.

Размена и проток на информации

Секоја компанија има различни сектори кои, за да се добијат саканите резултати и да се задоволат потребите на купувачите, треба да работат заедно. За да се оствари ова, мора да постои соодветен проток на информации меѓу различните оддели. Без пренесување на информациите низ бизнисот, тој не може да функционира правилно.

Со помош на ERP, компанијата може да го одржи правилниот и конзистентниот проток на информации помеѓу различните сектори и одделенија, во и надвор од организацијата. Кога постои соодветна комуникација, планирањето може да се направи побрзо, а одговорите на потребите и барањата на купувачите можат да бидат исполнети без проблеми, ефикасно и во дадениот временски рок. Ова ќе помогне да биде променет начинот на кој работи компанијата, и тоа на многу подобро. Секторите или одделите ќе бидат во можност навремено да ги исполнат нивните цели.

Размената на информациите мора да биде „безшавна“ — без видливи прекини и застои. Се` мора да функционира во една голема структура, без оглед на физичките локации, но – сепак – на безбеден и сигурен начин.

Инфраструктура

Еден ERP може да се изгради на централизирана или дистрибуирана хардверска и податочна инфраструктура.

Притоа, „границите“ не треба да се разберат како една локација, улична адреса, туку – напротив – како неограничен број на „места на случување“, без оглед дали се работи за генератори на информации, консументи на информации, или обете.

Мрежите на поединечните локации се нарекуваат „интранет“.

Мрежата на мулти-локациски корпоративни информативни извори ја нарекуваме „екстранет“.

Зголемување на профитот

Главната цел на еден претприемач е да го зголеми профитот. Ова може да се направи само ако се зголеми продажбата, се намалат трошоците, се зголеми ефикасноста, или сите овие работи заедно. Со ERP, функционирањето на претпријатието значително ќе се подобри, а тоа за возврат ќе ја зголеми профитабилноста. Откако внатрешните процеси ќе бидат забрзани, автоматски ќе се случи забрзување и на функционирањето кон надвор. Ова е причината зошто бизнисмените треба да се определат за воведување на ERP — за да се добијат саканите резултати во краток временски период.

Колку побрзо овој систем ќе биде воведен, толку побрзо ќе се постигнат резултати. Со Enterprise Resource Planning ќе бидете во можност да видите како вашите аспирации се претвораат во реалност.