Повикување на Settings

Се клика на иконката „три точки“ во горниот десен агол на Chrome.
Од менито кое ќе се спушти, се избира „More tools“ и потоа од следното странично мени се избира „Clear browsing data…“ – како што е обележано на сликата подолу.

Отворање на Clear browsing data…

Со кликање на „Clear browsing data…“, се отвора нов прозорец каде е потребно да биде селектирана (штиклирана) САМО опцијата „Cached images and files“. Откога ќе ја изберете ставката, кликнете на синото копче „CLEAR DATA“ кое се наоѓа во долниот десен агол на малиот прозорец во кој се наоѓате.

———————————————————————-

За постари верзии на Google Chrome:

Повикување на Settings

Се клика на иконката „хамбургер“ во горниот десен агол на Chrome.
Од менито кое ќе се спушти, се избира „Settings“.

chrome-clear-cache-01

Отворање на напредни подесувања

Со кликање на Settings, се отвора нов Таб со опциите за подесување.
На крајот на опциите се наоѓа копче „Show advanced settings…“. Кликнете го.

chrome-clear-cache-02

Повикување на панелот бришење на информациите

Во одделот „Privacy“, кликнете на копчето „Clear browsing data…“

chrome-clear-cache-03

Панел за бришење на информации

Во панелот кој ќе се отвори, треба да биде кликнато исклучиво „Cached images and files“.
Потоа, кликнете на „Clear Browsing Data“

chrome-clear-cache-04

Завршување на процесот

На крај, изгасете го панелот Settings.
Процесот е завршен.

chrome-clear-cache-05