Како се стартува програм со Run as Administrator

Најдете го програмот OpenVPN GUI во листата на Programs, или на десктопот (ако има иконка).

Потоа, кликнете со десен клик за да се појави контекст-менито.

Кликнете на „Run as administrator“ (бр. 1)

win7-run-as-admin-1

Ќе се појави „User Account Control“ попап порака, на која треба да кликнете „Yes“:

win7-run-as-admin-2

 

Како постојано се поставуваат администраторски привилегии за OpenVPN GUI

За да избегнете постојно кликнување со десен клик на иконката на OpenVPN GUI и избирање „Run as administrator“, еве начин како перманентно да ги доделите привилегиите.

Најдете го програмот OpenVPN GUI во листата на Programs, или на десктопот (ако има иконка).

Потоа, кликнете со десен клик за да се појави контекст-менито.

Кликнете на „Properties“ (бр. 1)

win7-run-as-admin-3

 

 

Ќе се отвори панел со опции. Кликнете на копчето „Advanced“ (бр. 1).

win7-run-as-admin-4

 

 

Во „Advanced Properties“, чекирајте го на „Run as administrator“ (бр. 1), потоа кликнете на „ОК“ (бр. 2),

а кога ќе се затвори, повторно кликнете на долниот „ОК“ (бр. 3).

win7-run-as-admin-5

 

 

Доколку се појави алерт бокс за потврда на акцијата, кликнете на копчето „Continue“ (бр. 1)

win7-run-as-admin-6

 

Со изведувањето на горните акции, програмата за спојување на серверот е подготвена за употреба.

Спојување на серверите на Бизнис Херој

Доколку не е стартувана, со клик стартувајте ја програмата OpenVPN GUI. Таа веднаш ќе се спушти во системската тацна, долу десно до часовникот.

Кликнете на стрелката, а потоа со десен клик на иконката на OpenVPN GUI повикајте го опциското мени. Изборот „Connect“ е на врвот на листата (бр. 1). Кликнете на него.

win7-run-as-admin-7

 

 

Ќе се отвори прозорец со прогрес на спојувањето. Не треба да преземате ништо. После неколку секунди, доколку спојувањето е успешно, тој сам ќе се затвори.

win7-run-as-admin-8

 

 

За да проверите дали сте споени, иконката треба да има две зелени „мониторчиња“. Доколку е жолта, има проблем при спојување (најчесто поради тоа што не е стартувано како администратор), а доколку е црвена, врската е прекината.

win7-run-as-admin-9