За увоз на податоци од excel фајл во сотверот на инфопројект потребно е претходно фајлот да се конвертира (сними) како csv фајл.
Може да го користите овој спремен празен csv фајл кој ги содржи потребните полиња кои треба да бидат пополнети во него – за да може веднаш да го увезете.
ПРЕЗЕМИ ПРАЗЕН CSV FILE ЗА УВОЗ
Заради полесно работење со фајлот, препорачуваме да се користи Libre Office или Open Office табеларен програм (речиси ист со Microsoft Excel, кој е бесплатен и слободно може да се симне на овој линк)
При отварање и затварање на фајлот, доколку Libre Office праша, потребно е да се изберaт следните опции како на сликата:
Понапредните корисници имаат можност и сами да си го креираат csv фајлот. Се одбира excel документот кој треба да се конвертира и со save as се снима како csv (comma delimited), и ние препорачуваме полињата (колоните) треба да се одвоени со точка-запирка (;).
Внимавајте во содржината на колоните, полињата да не се содржи точка-запирка бидејќи таа содржина ќе се третира како ново поле во табелата.