TeamViewer можете да го преземете од овде: Teamviewer-Windows
Ова е програмот TeamViewer со кој ќе можемe да се прикачиме на вашиот компјутер и да вршиме интервенции или ви покажуваме одредени операции на апликацијата.
При инсталацијата, внимавајте кога ќе дојдете до екранот кој прашува за начинот на употреба на програмот. Изберете исклучиво „Personal use“!
Откако ќе се инсталира, стартувајте го програмот и на екранот ќе добиете панел сличен на овој подолу:
При вршење на конекција, треба да ги кажете „Your ID“ и „Password“, во левиот дел на екранот на средина.
Битно е да се знае дека пасвордот се ресетира на секое подигнување на компјутерот, па тоа гарантира дека никој не може неовластено да се најави кај вас (т.е. ако не го знае пасвордот). Исто така, кога некој ќе се најави на вашиот компјутер, на екранот имате јасна ознака дека имате втор корисник.