Промената на бројот на документот се започнува со кликнување на линкот „Промени број“ (бр.1 на сликата).
Внимание!: Бројот ќе се промени и запише само во материјално-комерцијално работење, а не и во сметководство (доколку документот е прекнижен таму). Ако направите промена на број на документ, а тој документ е веќе прекнижен во сметководство, треба да го известите сметководителот за тоа.
Selection_002

Откако ќе се активира менувањето на бројот, во полето за број се појавуваат две иконки (бр.2). Левата (со изглед на дискета) служи за снимање на новиот број, десната (Х) служи за откажување на операцијата.

  1. Внесете го новиот број (бр.1), со внимавање на неговиот формат (во примерот, форматот е „број-коса црта-година“, но вие употребете го оној кој е соодветен за вашата компанија).
  2. Кликнете на иконката за снимање. Ако добиете порака дека бројот веќе постои, тоа значи дека за тој тип на документ, во тој магацин, веќе има документ со ист број, што не е дозволено. Доколку бројот успешно се сними, ќе добиете соодветна порака.

Selection_003