Инсталација
Во посебна емаил порака од нас, ќе го добиете линкот со пакетот на инсталациски програм со вградени OpenVPN клучеви. Кликнете на него, и снимете го во Download фолдерот или на десктопот.
По преземањето, со двоен клик, стартувајте ја инсталацијата. На сите прашања одговарајте со клик на копчето „Next“.
Кога ќе заврши инсталацијата, ќе добиете иконки во Старт менито и на десктопот со име „Бизнис Херој OpenVPN“. Ова значи дека вашите приватни клучеви за достап до серверот се инсталирани.
Стартување и гасење
Со двоен клик на некоја од иконките, се стартува безбедната врска со серверот. На кратко ќе се појави следниов екран кој го прикажува прогресот на приклучувањето:
По неколку секунди, доколку сѐ е во ред, во аголот десно долу на екранот, веднаш до системскиот часовник, ќе се појави иконка која го означува статусот на врската (означена со бр.1 на сликата. Доколку двете мониторчиња се зелени, врската е воспоставена:
Windows XP | Windows 7/8 |
Со конекцијата се управува со десен клик на иконката и избирање на „Connect“ за спојување и „Disconnect“ за прекинување на врската.
Windows XP | Windows 7/8 |
Начин на употребување
Конекцијата, по правило, се воспоставува еднаш дневно, по вклучувањето на компјутерот. Посебно гасење (Disconnect) не е потребно, доволно е нормално да се исклучи компјутерот.
Ако конекцијата не е успешно воспоставена, нема да може да се отвори страницата со апликацијата. Доколку имате проблеми со воспоставување на врска, контактирајте со сервисот.