Доколку имате проблем со појавувањето на popup прозорците со PDF документите во Firefox, причината најверојатно е тоа што се забранети скокачки (popup) прозорци.

Ова најчесто се случува по инсталирање на нова верзија на Firefox, или при сосема нова инсталација. Следете ги овие чекори за да овозможите скокачки прозорци за PDF.

Внимание, за да работи прегледот на документи во PDF, мора да имате инсталирано програма – прегледувач на PDF датотеки. Ова најчесто е Adobe Acrobat Reader, кој е бесплатен и може да се преземе од овде.

Чекор 1:

Во Firefox, изберете Preferences. Ќе го добиете следниов панел. Во панелот, изберете го табот Content (позиција 1 на сликата)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Чекор 2:

Во табот Content, видете дали е кликнато (чекирано) Block pop-up windows. Чекирајте го ако не е. (поз. 1).

Кликнете на копчето „Exceptions“ (поз. 2).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Чекор 3:

Во панелот кој ќе се појави, во полето „Address of web site“ (поз. 1), внесете ја адресата на вашиот сервер (Внимание! НЕ адресата која е на сликата).

Адресата на вашиот сервер можете да ја видите во адресниот бар на Firefox. Најчесто, започнува вака: http://192.168.100.23/infop-imx2

Доколку не сте сигурни која е адресата, побарајте помош од вашиот систем-администратор или поддршката на Infomatrix.

Откако ќе ја внесете адресата, кликнете на копчето „Allow“ (поз. 2).

Конечно, затворете го панелот со клик на „Close“ (поз. 3). Затворете го и попапот за преференци со клик на „Close“.