Во овој документ се дефинира увозната спецификација на податоци во Оперативно финансиско работење.
Датотеката со податоци за увоз мора да содржи податоци од еден тип на документ (нпр. Фактура) и едно конто (нпр. Купувачи). При увозот, корисникот треба да ги избере овие два податоци.
Раздвојникот (delimiter) на полињата во редот може да биде избран при увозот. Препорачана вредност е знакот точка-запирка (;).
Исто така, корисникот може да избере дали во првиот ред на датотеката има наслови на колони..

Полињата кои мора да ги има во датотеката се:
| komitent_id | Шифра на комитент |
| komitent_naziv | Назив на комитент |
| broj | Број на документ |
| datum_ddo | Датум на документ |
| datum_valuta | Датум на достасување |
| iznos | Износ на документ |