Во овој напис ќе го објасниме автоматското отварање на почетна состојба во финасиското работење.
Налогот за почетна состојба се прави секогаш на 01.01 во работната година.
Предуслов за автоматско отварање на почетна состојба е претходно дефинирање на контата во контен план, кои сакаме да се пренесат во почетната состојба и на каков начин да се пренесат, по салдо или по отворени ставки.
Дефинирањето на контата се врши преку контниот план. Се бира контото кое сакаме да го дефинираме, во полето почетна состојба се бира дали салдото се превзема во почетна состојба и на кој начин, по салдо или по отворени ставки.
Во финансово, во внос на налози се отвара налог за почетна состојба. Како што спомнавме погоре, налогот за почетна состојба секогаш е со 01.01. во работната година, и период на документи од претходна година, се штиклира прекнижување на документи и се клика на сними налог. Снимањето на налогот може да потрае подолго време од вообичаено во зависност од бројот на документите кои се прекнижуваат.
Кога ќе се отвори насловот на налогот, се клика на отвори почетна состојба.
Во налогот ќе бидат пренесени сите конта кои претходно во контниот план сме дефинирале дека се пренесуваат во налогот за почетна состојба .