Овој модул се користи доколку во компанијата има подружници (ќе го користиме овој збор, иако и оддел и деловна единица ги сметаме за еквивалентни) кои имаат свои адресни податоци, лого, банкарски сметки, итн. кои треба да се појавуваат на фактурите кога се врши промет од нив.
Додавање на подружници
Пред да се започне со нивна употреба, треба да се внесат и дефинираат податоците за подружницата. Овие податоци се еднакви на оние кои се внесуваат за самата компанија, па нема да коментираме што содржат.
Додавањето започнува со избор на табот [Шифрирање], по што се избира [Шифрирање на основни податоци]
Кога ќе се отвори модулот за шифрирање, се избира [Оддели/Подружници]. Во панелот десно од менито ќе се отвори вносот на податоци.
Податоците се внесуваат посебно за секоја подружница. Шифрите се доделуваат рачно, и не смее да има две исти. Најдобро е да бидат едноставни нумерички шифри во секвенца (1..2..3), но доколку имате потреба, може и да се усложни. Се користат само нумерици и букви. Специјални знаци не се дозволени (*, &, $, # …).
Датотеките со заглавие и подножје на фактурата се избираат во истиот екран. Дозволени се jpg, png и gif типови на слики. Максималната висина на заглавието е 60px, а на подножјето 20px. Преголеми слики нема да се отпечатат добро на документот.
Жиро сметки на подружници
Можат да се додадат една или повеќе жиро сметки, кои ќе бидат отпечатени на документот. Внимание, нема да се отпечати жиро сметката на главната компанија. Дури и да е иста, мора да се внесе и овде.
Модулот се стартува со клик на менито десно [1], а пред да се почне со внос, задолжително се избира на која подружница припаѓаат жиро сметките [2].
Користење во документи
Подружницата се избира при изработка на нов документ, но може да се внесе и накнадно, откако документот е веќе изработен. Доколку не се избере подружница, ќе се користат податоците од главната компанија.
Нов документ
Кога се започнува со нов документ, се избира и за која подружница се работи. Ова ќе биде употребено при печатење на документот. Ако се избере [Документот е без оддел], ќе се користат податоците од главната компанија.
Поправка/избор во наслов на документ
Во насловот на документот е можно да се избере или промени подружницата. По изборот, задолжително да се сними заглавието, со клик на копчето [Сними].
Полето за избор на подружница се наоѓа веднаш под податоците за купувачот.