Системот континуирано, во секоја нова ставка од фактура, пресеметува просечна набавна цена врз основа на приемите со цени кои се имаат случено пред и на датумот на фактурата.

Доколку немате внесени приемници со цени со датум пред фактурирањето, се појавуваат негативни набавни цени во лагер листа, на магацинска картичка, итн.
Погледнете ги магацинските картички на продуктите каде што се јавуваат негативните износи и уверете се дали имате приеми со цена и датум кој е пред првата фактура.
Потоа, во менито „Набавка – Интерни документи“, повикајте го програмот „Пресметка на просечни набавни цени“.

Selection_009

Полиња:

  • Магацин: Се избира магацинот во кој се упросечуваат цените
  • Продукт: Се избира продуктот за кој се упросечуваат цените. Не е задолжително, ако се остави празно, ќе се упросечи за сите продукти кои имале промет во магацинот
  • Заклучно со: Датум на излезни документи (фактури и сл.) до кој ќе се упросечуваат цените
  • Фискална година: Се избира фискалната година (обично е тековната)
  • Конечни цени: Доколку се избере „Пресметаните цени се конечни“, се става ознака дека цената е ликвидирана, т.е. во наредното упросечување овие цени нема веќе да бидат упросечени
  • Препресметај: Доколку е чекирано, сепак се препресметуваат ликвидираните цени (според претходниот индикатор)
  • Контрола на набавна цена: Не впишувај упросечени цени, само направи проверка (нпр. да се види дали некој продукт ќе добие цена нула)

Откако ќе се изберат параметрите, се кликнува на копчето „Пресметка/контрола“ за да се изврши операцијата.

Внимание! Секое одново пуштање на пресметката може да ја промени набавната вредност (по просечни цени) на стоките во магацинот. Ова може да има последици на:

  • Набавната вредност на стоките прокнижена во сметководство
  • Прегледите за остварена разлика во цена

Поради ова, пресметката вообичаено се пушта во текот на еден период, и, кога ќе се уверите дека цените се во ред (т.е. не фали ниеден приемен документ и набавните цени во него се точни) – се избира „Пресметаните цени се конечни“ во полето „Конечни цени“. Со ова, се „заклучуваат“ пресметаните просечни цени и нема да бидат препокриени при следните пресметки за истиот период.

Се разбира, ако клкнете на „Препресметај“, заклучените-ликвидирани цени мжат одново да се пресметаат.