Системот овозможува следливост на залиха на артики според неколку критериуми:
- Според сериски број на продуктот
- Според земја на потекло
- Според рок на траење. Рокот може да биде изразен во апсолутен датум (dd/mm/gggg) или месец и година (mm/gggg)
За да се добијат добри резултати, еднаш започнатата евиденција за следливост на некој продукт мора доследно да се спроведува и секогаш да се пополнуваат сите потребни полиња. Во спротивно, ќе се добие мешавина од залхи на кои никогаш точно нема да им се знае следливоста.
Следивоста се овозможува на ниво на магацин. Тоа значи дека во одредени магацини не мора да се води следливост на стоката, додека во другите ќе се евидентира.
Означувањето на некој магацин за евденција на следливост не значи дека за сите артикли во него мора да се внесуваат податоците за следливост. таа може да биде ограничена само на оние продукти за кои тоа е потребно. За останатите, залихата се евидентира на стандарден начин.
Овозможување на следливост
Во менито „Шифрирање“, се избира „Шифрирање на основни податоци“
Откако ќе се отвори програмот, во десното вертикално мени, подизбор „Општи податоци“, се избира „Магацини“ (бр.1 на сликата). На десната страна на екранот ќе се отвори панелот за внос/поправка на податоци за магацините.
Во листата лево, со кликнување се избира магацинот за кој сакаме да овозможиме евиденција на следливост на продуктите. Во податоците за магацинот се чекира „Евиденција на следливост“, а подолу се избира типот на рок за следливост: полн датум или месец и година (бр.2).
Задолжително кликнете на „Сними“ за да се сочуваат измените.
Полиња за внос на следливост
Забелешка:Оваа операција мора да се повтори за секој документ во кој сакате да внесувате евиденција на следливост на стоката.
Се отвора документ (не мора нов, може и постоечки). Се преминува на внос на ставки.
Во десниот панел за внос на ставката, постои копче „Опции“ (бр.1). Со клик на копчето, се отвора панелот со опции.
Во опциите треба да се чекираат оние податоци-полиња за кои се сака да се води следливост.
Може да се избере следливост по сериски број (бр.2), земја на потекло (бр.3) и рок (бр.4) – со полн датум или месец-година.
После изборот на опциите, кликнете на „превчитај“ во долниот десен агол на овој панел.
По превчитувањето, во формата за внос на ставка ќе се појават и избраните полиња.
Употреба на следливоста
При внос на ставка, во приениците и сродните интерни документи (одобренија, задолженија) потребно е да се внесуваат и податоците во полињата за следливост. Особено треба да се внимава на сериските броеви.
При издавање/продажба на стока, доколку за избраниот продукт постојат податоци за внесена следливост, копчето „Следливост“ (бр.1) ќе засјае со црвена боја. Тоа е знак дека треба да се избира од залиха које подредена по некоја форма од следливост.
Со кликнување на копчето „Следливост“, се отвора панел со листа (бр.1) во која се излистани сите ставки од тој продукт кои имаат различна следливост. Треба да се кликне во листата за да се избере саканата ставка. Ова е критичен момент и мора да се изведува доследно, за да биде точна залихата по различните елементи на следливост.