За да можеме да работиме со историјата на категории на цени, треба да го повикаме програмот „Досие на комитент“.

По повикувањето, го избираме комитентот/дистрибутерот за кој треба да извршиме промена. Во основниот таб со податоци за комитентот, се наоѓа и изборот на ценовна група (обележан со рамка на сликата).

Панелот за работа со историја на категории на цени за купувач се повикува со клик на копчето во вид на календар (покажано со стрелка на сликата).

Досие на комитент
Досие на комитент

По кликнувањето, се добива панелот, во кој се врши додавање на нова ценовна група, со нов датум од кој важи промената.

Внимание! Датумот на важење треба да почнува на први во месецот. Исто така, НЕ ја менувајте постоечката ценовна група, туку додадете нов слог, с нова група и датум на важење.

Историја на ценовни групи
Историја на ценовни групи

Важно!

После додавањето на новата ставка во историјата на ценовни групи, во податоците од комитентот мора да се избере новата група и да се кликне на „Сними“ во Досието.

Инаку, новата група нема да има ефект за тој комитент!