Напомена: иако упатството е за копирање на профактура во фактура, методот може да се примени на било кое копирање на еден тип на документ во друг.
Отворете ја листата на документи – фактури.
Во листата, кликнете на табот „Фактури“ (бр.1 на сликата).
profaktura_vo_faktura_001

 

Во изборот на тип на документ (бр 1. на сликата), изберете го типот „Профактура“. Листата на документи ќе се превчита. Сега, листата прикажува само профактури (т.е. филтрирана е по тип на документ – профактура). Ова се гледа по насловот на табот (бр. 2 на сликата).
Изберете ја профактурата која сакате да ја копирате со клик на редот во листата на документи. (бр. 3 на сликата).
Конечно, кликнете на копчето „Фактура“ на алатникот (toolbar-от), (бр. 4 на сликата).
profaktura_vo_faktura_002

 

На екранот ќе добиете конфирмациски дијалог за акцијата. Кликнете „ОК“ (бр. 1 на сликата).
После неколку секунди, ќе добиете порака дека документот е успешно изработен.
profaktura_vo_faktura_003

 

За да ја видите изработената фактура, во листата на типови на документи, изберете „Фактура“ (бр.1 на сликата).
Изработениот документ се гледа на врвот на листата. (бр.2 на сликата).
profaktura_vo_faktura_004