Компјутерот на кој е приклучен фискалниот печатар треба да биде специјално конфигуриран.

Нов или променет компјутер

Доколку имате променет или нов компјутер, потребно е да се избере фискален принтер.

Во менито, имате избор наречен „Опции за фискален принтер“. Стартувајте го програмот.

Selection_009

 

 

 

Во овој програм се дефинира кој модел на фискален принтер се користи (бр.1). Не заборавајте да го снимите изборот (клик на иконката со дискета).

Исто така, може да се преземат драјверите за соодветниот принтер (бр.2).

Избор на фискален принтер

 

 

 

 

 

 

 

 

Следете го упатството за инсталација на драјверот.

Важно: компјутерот на кој е споен принтерот, треба да биде подесен на македонски локал во „Regional Settings“. Исто така, како децимален знак мора да биде избрана децимална точка (не запирка!). Ова мора да се подеси во секциите „Numbers“ и „Currency“.

Внимавајте секаде да биде подесен македонски локал!

Овде имате како се подесуваат локалите во Windows 7 и 8: http://help.infomatrix.com.mk/regional-settings-win7/

Спојте го принтерот на компјутерот со предвидениот кабел и вклучете го. Би требало да печати.

Доколку имате нестандардна компјутерска конфигурација, т.е. сериската порта за приклучок на принтерот не е COM1, или користите USB адаптер за сериска порта, потребно е да повикате сервис за да се изврши системско прилагодување (за ова не постои можност самиот корисник да направи подесување).

Постоечки компјутер, принтерот не функционира

Пред да продожите со решавање на проблемот, рестартирајте го компјутерот и исклучете го и повторно вклучете го фискалниот принтер. Проверете дали се сите кабли добро и сигурно приклучени. Не ги приклучувајте каблите доколку принтерот е вклучен!

Дали принтерот печати од тастатура

Ако фискалниот принтер има тастатура (Дуна Браво и сл.), пробајте дали може да се издаде сметка со внос од тастатурата. Ако немате сметка, пробајте да извадите времен извештај за промет. Доколку ова не е можно, проверете дали можеби имате загалвена/неисправна ролна за печатење.

Доколку сѐ изгледа во ред, а не може да се отпечати сметка од тастатурата, повикајте го сервисот на производителот на принтерот.

Дали добивате порака за грешка од апликацијата

Ако принтерот печати од тастатура (или нема тастатура), а добивате порака за грешка од апликацијата, ве молиме да нѐ известите на стандардниот начин („Пријави проблем“). Секако вклучете го и текстот на грешката која се пријавува.

Принтерот не печати, нема порака за грешка

Во овој случај, најверојатно грешката не е во апликацијата, туку во самиот принтер.

  • Рестартирајте го компјутерот и принтерот
  • Проверете ги сите конекции и кабли.
  • Проверете дали принтерот печати од тастатура.
  • Проверете ги подесувањата на оперативниот систем за локалитетот (видете погоре).

Доколку ништо не помогне, ќе морате да повикате сервис од производителот на принтерот. Известете нѐ за ова.