Внимание! Оваа опција е достапна само ако се вклучи посебниот модул за приказ на цена и залиха. Обратете се во Инфопројект за можноста.

Откако модулот е инсталиран, Панелот за Опции се отвора со клик на копчето [1].
Се штиклираат колоните кои сакате да бидат видливи [2] и [3].
На крај, се снимаат поставените опции со клик на [Сними], означено со [4].
После снимањето, страницата ќе се обнови (refresh).
Овозможи приказ на цена и залиха

Со вклучените колони, при пребарувањето се покажуваат бараните податоци: [1] Залиха, [2] Цена, [3] Шифра – каталошки број.
Колони со цена, залиха и шифра