Како правилно да се постават опциите за Продажна каса (POS) за да може исправно да се изработуваат сметки.
Внимание! Овие поставувања мора да се постават на секоја работна станица, бидејќи се чуваат локално, на самото работно место. Кликнете на „Сними“ за зачувување.
Панелот со опции се повикува со притискање на F7 или клик на копчето „F7 – Опции“, во долниот лев агол на формата.
Опис на полињата:
- Каса број: Број на касата. Доколку има само една каса, овој број треба да биде 1;
- Употреба на документи: Дали во работењето се употребуваат само малопродажни, само големопродажни, или и двата вида документи.
- Тип на документ за сметка: Кој тип на документ ќе биде подразбран (default) при изработка на малопродажна сметка.
- Понудени типови на документи: Кои типови на документи ќе бидат понудени за избор и ќе можат да се повикаат при изработка на нов документ (доколку ја има оваа опција).
- Тип на документ за сторно сметка: Кој тип на документ е подразбран (default) за сторно сметка, при малопродажба.
- Магацин: Подразбран магацин во кој се врши прометот.
- Валута: Подразбрана валута за изработка на сметките.
- Стандарден комитент: Подразбран комитент (обично со општ назив), при изработка на сметка. Дозволено е да се избере и друг комитент во внос на конкретна продажба.
- Стандарден ценовник за продажба: Ценовник од кој автоматски ќе се извлекуваат цените. Вообичаено е да е малопродажен.
- Број на денови за поправка на сметки: Колку дена наназад од денешниот датум е можно да се повикуваат сметки на поправка.
- Запамти последна активна сметка: Дали последната активна сметка да биде запомнета како активна при излез од програмата или при превчитување на страницата.
- Секунди за заборавање на активна сметка: После колку секунди ќе се иницијализира последната запомнета активна сметка.
- Овозможи внос на плаќање: Дали на крајот на внос на сметката, треба да се внесе и плаќање по начини на плаќање.
Напомена: Програмата, заради исправно печатење на фискален принтер, во моментов работи на Firefox верзија 14. Можете да ја преземете и инсталирате од овде: http://www.t10download.com/?dl_id=3458