Постојат два вида на пописи, редовен (годишен) и контролен.

Редовниот попис се врши врз основа на законска обврска на крајот на секоја година, при што се попишува залихата на 31 декември. Со ова се формира иницијалната залиха со која се започнува следната фискална година во секој магацин. Редовниот попис мора да се изврши во секој магацин посебно (Централниот и помошните).

Контролниот попис може да се изврши во било кое време и на било кој магацин (не мора во сите одеднаш). Неговата цел е да се направи контрола и споредување на конкретната залиха во магацинот со компјутерската евиденција. Овој попис нема материјално влијание на состојбата на магацинот, туку само изразува состојба.

Програмите се наоѓаат во менито „Попис“

За да се започне пописот, од компјутерскиот систем се печати пописна листа (на ниво на магацин) која ги содржи сите продукти во дадениот магацин. Во оваа листа, пописната комисија ги внесува најдените (избројаните) количини, а таа потоа се внесува во компјутерскиот систем.
Врз основа на пописните листи и евиденцијата во компјутерскиот систем, се добиваат листи кои го изразуваат евентуалниот кусок или вишок пронајден во магацините. Овие листи се нарекуваат „Кусок-вишок листи“.

  • Листи за попис – овозможува добивање на листи на кои ќе се изведува пописот т.е. има 2 празни колони и тоа едната за количина најдена на лице место (попишана) и колона за забелешка. Листите по попис може да се добијат по разни критериуми според вашата желба (една за сите продукти, посебни листи по класи на продукти или по класи и одредена група, посебни листи за производител). Нормално, сето тоа за одреден магацин. Колоните кои ќе се појават на листата исто така сами може да ги дефинирате: со или без количина на залиха, со или без цени или вредности итн. Ако продуктот има бар-код истиот се печати на листата за попис. Врз основа на вакви листи се изведува пописот.
  • Пописна листа – Внесување на попишани количини за секој продукт при што продуктот има можност да се „избере“ преку неговиот бар-код.
  • Список на пописни листи – се добива листа на сите внесени пописни листи.
  • Обработка на попис – Обработка на пописните листи. Се дефинира датум до кој сите важечки документи ќе формираат залиха за секој продукт и се бира документ за попис кој ќе ги дефинира попишаните количини за секој продукт. Оваа обработка може да се изведува повеќе пати. Нормално, се бира магацин, а може да се бира и класа или група на продукти и производител.
  • Кусок-вишок листи по попис – Се добиваат листите за кусок-вишок (посебно или заедно) врз база на обработените податоци.
  • Финансиски разлики по попис – Се добиваат листите за финансиски разлики врз база на обработените податоци.