1. Обработка на попис
Стартување на програмата
Внос на параметрите
- Избери магацин
 - Документот за попис мора да биде „Контролен попис“
 - Автоматски ќе се добие датумот на последниот контролен попис. Ако одговара, треба да се остави, ако не, да се избере соодветниот датум
 - Избор до кој датум имало промет. Ако се правени документи на 31/12 во годината, треба да се стави тој датум. Ако не, оној на кој е направен последниот документ во годината
 - Обработка на пописот – задолжително. Со ова, се подготвуваат податоците за кусок-вишок листите
 
2. Креирање на листи за кусок и за вишок
Листите се креираат посебно.
Се стартува програмата
Се бираат следните параметри
- Магацин за кој е вршен пописот
 - Типот на документ за попис (Контролна листа или Попис), датум на пописот и датум на прометот (ќе се појават автоматски)
 - Тип на листа: Кусок или Вишок
 - Се извлекува листата
 - Се креира соодветниот документ. Овој чекор се прави само кога се сака автоматска изработка на Записник за кусок/вишок по попис. Се креираат документи кои ја порамнуваат пописната состојба – ја сведуваат на нула.
 
Најдобро е да се креираат документи посебно за вишок, посебно за кусок. Документите можат додатно да се обработат/избришат – опишано во следниот чекор.
ВНИМАНИЕ! Листите не можат да се креираат по два или повеќе пати. Доколку сакате да ги изработите повторно, прво треба да се избришат! (Ова е опишано во следниот чекор)
3. Преглед и поправка на Записници по попис (документи за кусок-вишок)
Стартување на програмата
Се добива стандарден внос на документи, со излистани записници по попис (т.е. листи на кусок и вишок претворени во документи).
Овие документи можат да се обработуваат (поправаат или бришат, или да се поправаат ставки), како и секој нормален документ.