Опциите при внос на ставка го одредуваат однесувањето на програмата за внос на ставки, како и полињата кои можат да се внесат.
Панелот за опции се повикува со клик на копчето „Опции“ (бр.1 – слика 1).
Слика 1.
Панел за избор на опции
Слика 2.
Панелот со опции се состои од повеќе делови, прикажани на Слика 2:
Општи опции
1. Внос на продукт во панел за ставка
Дали е дозволен внос на продукт во панелот за ставка (бр.3 – слика 1) или во панелот за пребарување на продукти (бр.2 – слика 1)
Доколку е дозволен, тогаш вносот може да биде по каталошки број, да се пребара по назив, бар-код, оригинална, алтернативна шифра, итн.
2. Фокус по снимање на ставка
Одредува каде ќе биде фокусот за внос откако ќе се сними ставката. Можни избори се:
Со избор на „Внос на каталошки број“, фокусот ќе остане во десниот панел после снимање.(бр.3 – слика 1)
Со избор на „Пребарување на продукти (горе лево), фокусот ќе биде во левиот панел.(бр.2 – слика 1)
3. Видлива залиха во панел за ставка
Доколку е чекирано, после избор на продукт при внос на ставка, ќе биде прикажана моменталната залиха за тој продукт (бр.7 – слика 1). Ако залихата е негативна, ќе биде прикажана со црвена боја.
4. Дозволи увоз на ставки
Ако во работењето се користат разни уреди за собирање на податоци – data collectors, тогаш се овозможува увоз на податоците од датотека. Чест случај на употреба е при вршење на попис или двоење на стока со рачен компјутер. Со чекирање на опцијата, се појавува копче за увоз (бр.4 – слика 1)
Опции за следливост
Овие опции се појавуваат само доколку магацинот во кој се изработува документот е означен дека води залиха со следливост. Следливоста се води по четири показатели: сериски број, земја на потекло, рок на траење и датум на прием. Со чекирање на секоја опција, се добива поле при внос, како што е прикажано на сликава:
5. Внос на сериски број
6. Внос на земја на потекло
7. Внос на рок
8. Внос на рок – година и месец
Означува дали рокот на траење со води со точен датум (ден-месец-година), или само со месец и година.
Опции за транспорт
Со избор на опциите за транспорт се добиваат додатни полиња за внос, како што е прикажано на сликава:
9. Внос на тежина (бруто)
Со клик на опцијата за снимање десно од полето (иконка-дискета) се снима внесената тежина во матичните податоци на избраниот продукт.
10. Внос на тежина (дара)
Со клик на опцијата за снимање десно од полето (иконка-дискета) се снима внесената тежина во матичните податоци на избраниот продукт.
11. Внос на колети/пакети
12. Внос на пакети
13. Внос на позиција
Ја означува ознаката на складирање во магацинот
Опции за внос на продукт
Ова се опции кои го одредуваат однесувањето во случај кога во документот ќе се повтори внос на продукт, т.е. ако продуктот е веќе снимен во ставка, но повторно е избран.
14. Извести за двојно внесен продукт
Програмата ќе извести дека веќе е внесен таков продукт во дотогаш снимените ставки.
15. Двоен продукт повикува поправка
При внос на продукт кој е веќе внесен во ставките, таа ставка ќе биде повикана на поправка.
16. Забрани двоен внос на продукт
Нема да биде дозволено да се снимат две или повеќе ставки со ист продукт.