Во апликацијата е дозволено еден целен документ (нпр. фактура) да има повеќе изворни документи (нпр. испратници, порачки, налози за испорака, итн.) На овој начин, се овозможува еден збирен документ да се однесува на неколку изворни.
За ваков начин на работење често пати се појавува потреба кога некоја стока се испорачува со испратници во одреден период, а се сака да се фактурираат сите на една фактура.
Аналогно, можно е да се имаат и повеќе приемници, а да се направи една калкулација за прием (при девизни калкулации, ова важи само ако сите приемници се во ист датум, бидејќи законски не е дозволено поинаку).

Чекори за работа со мулти-изворни документи

Наслов на документот

Најпрво, креирајте го целниот документ (нпр. фактурата). Таа може да се отвори како празен документ, или да се искористи автоматското пресликување, при што како изворен се избира првиот од листата на изворни.
Откако ќе се креира документот, отворете го насловот (Иконката „Избери“ од листа на документи).

Во насловот, постои копче (бр.1 на сликата) со кое се преминува на избор на мулти-изворни документи.
multi_izvorni_001

Додека сте во насловот, можете да видите и листа на веќе избрани мулти изворни документи.
multi_izvorni_002

Екран за избор на изворни документи

Екранот е поделен на неколку дела:

  • 1. Листа на можни изворни документи. (може да се филтрира, види подолу)
  • 2. Листа на избрани изворни документи
  • 3. Копче за бришење на избран изворен документ
  • 4. Копче за додавање на избран документ од листата
  • 5. Копче за снимање на избраните документи

multi_izvorni_003

Филтерот на листата на документи за избор се добива со кликање на копчето „Филтрирај“ (бр.1). Откако ќе се подесат саканите параметри на филтерот, кликнете на „Примени филтер“ (бр.2), и листата на документи за избор ќе се препрочита со применет филтер.
multi_izvorni_004

Откако ќе ги изберете сите изворни документи, тие ќе бидат излистани во горниот панел (бр.1). Од оваа листа се брише со кликнување на иконката за бришење од десната страна на избраниот документ.
Следно, задолжително кликнете на „Сними“ (бр.2), и потоа преминете во внос на ставки со клик на „Ставки“ (бр.3).
multi_izvorni_005

Внос на ставки

Во панелот лево горе, „Продукти во испратницата“, ќе се видат ставките кои се внесени во сите избрани документи заедно. Бројот на ставки ќе биде еднаков на збирот на ставки од секој изворен документ.
Сега ви останува да ги преземете ставките една по една и да ги снимите, на вообичаениот начин. Доколку сакате, можете да ги корегирате податоците во ставката, исто како да ја внесувате без изворен документ.
multi_izvorni_006

Ако не ви е потребна измена на поединечните ставки, можете да кликнете на копчето „Автоматски“ (бр.1).
Со ова, сите ставки од изворните документи ќе бидат автоматски пренесени во целниот, без потреба од избор и снимање една по една.
multi_izvorni_007

Внимание! Автоматското префрлање претходно ги брише сите дотогаш внесени ставки во целниот документ (се разбира, ставките во изворните документи се безбедни).
Треба да кликнете на „ОК“ за да се согласите ова да се случи. Во спротивно, кликнете „Cancel“ и продолжете со рачен внос.
multi_izvorni_008

За време на автоматското префрлање, во панелот за внос на ставки ќе се појави прогрес-бар (бр.1) со кој се следи изведувањето на операцијата.
Операцијата може да трае неколку минути, зависно од бројот на изворни ставки. Сметајте на 2-3 секунди по ставка.
multi_izvorni_009