Копирањето на документи е операција која се изведува кога сакаме еден документ да го префрлиме во друг.
Пред да ја повикаме функцијата за копирање, во листата на документи го избираме оној кој ќе се копира. Потоа се клика на копчето „Копирање“ на главниот алатник, при што се добива екран како на сликата.
По потреба се менуваат параметрите кои ни се потребни и се доделува нов број (со клик на „Додели број“).
Можеме да избереме дали:
- Ќе ги задржиме изворните документи кои ги имал оригиналниот документ,
- Оригиналниот ќе стане изворен за целниот, или
- Целниот документ ќе остане самостоен
По потреба, оригиналниот документ може и да се избрише. На пример, ако е направена грешка при изработката, и избрани се погрешни параметри – тип на документ, магацин, купувач, итн. Во овие случаи може да се избере опцијата за бришење на оригиналниот документ.
На крај, се клика „Копирај документ“, со што документот ќе биде ископиран и програмот ќе се префрли на внос на наслов, или, со „Копирај -> Ставки“, се врши копирање, но програмот се префрла директно во внос на ставки.