Начини на избор на изворен документ
Калкулација може да се започне на два начини: со избор на изворна приемница, без изворна приемница.
1. Избор на изворна приемница
Доколку калкулацијата се прави откако веќе има изработена приемница (што е најчест случај), тогаш се применува првиот начин: прво, од листата на изворни документи се избира приемницата со кликнување на редот (бр.1), а потоа се притиска копчето „Нова калкулација“ (бр.2).
Ќе се појави прозорец-форма во кој се избира магацинот (бр.1) и се доделува број на документот (бр.2) – (можно е рачно или со кликање на „Додели број“ за автоматски број). На десната страна на формата се гледа избраниот изворен документ – Приемница (бр.3).
Се продолжува со кликање на „Креирај документ“ во долниот лев агол на формата.
2. Накнаден избор на изворна приемница
Доколку не сте во можност да изберете изворен документ, тој може да се избере подоцна, при внос на калкулацијата. Во тој случај, се прескокнува првиот чекор „1. Избор на изворна приемница“, и документот се креира самостојно.
Во овој случај, при подоцнежно отворање на документот, можно е да се додаде изворната приемница на следниот начин:
– Се избира калкулацијата во листата на документи со кликнување на саканиот ред. Редот ќе пожолти.
– Се отвора калкулацијата со клик на копчето „Избери“ во главниот алатник на екранот (веднаш под заглавието).
– Откако ќе се отвори документот, се клика на копчето „Избери изворен документ“ (бр.1 на сликата)
– Ќе се појави прозорец-форма со можни изворни документи – приемници. Овде (бр.1) може да се избере повеќе од една приемница, ако е потребно. Откако ќе се заврши со избирањето, се клика на „Сними изворни“ (бр.2).
Овој метод за избор на изворни документи може да се користи и за накнадно додавање на повеќе изворни документи, доколку се појавиле.
Формата се затвора и се преминува на внос на ставки.
Внос на ставки
Доколку има избран изворен документ (или повеќе документи), сите артикли од нив ќе бидат прикажани во панелот наречен „Продукти во приемницата“. (ако нема избран изворен, овој панел не се појавува).
Од оваа листа на продукти во изворните приемници, се избираат еден по еден и се впишуваат во калкулацијата, внимавајќи на цените и количините. Веќе преземените продукти имаат црвен семафор во првата лева колона. Семафорот за непреземени продукти е зелен.
Со ова вносот на ставки е завршен.
Напомена: Ако се појавиле додатни продукти кои не се во изворниот документ, тогаш е можно тие директно да се внесат, без оглед што изворно ги нема.