Зависно од политиката на компанијата и потребите на работењето, имаме две можни ситуации при внос на ставки во документот:

  • Дозволено е внесување на ист продукт повеќе пати, и
  • Еден продукт може да се внесе само еднаш во документот

Во апликацијата, поточно, во модулот за внос на ставки, постојат контролни опции со кои се регулира однесувањето на програмот при внос.
Опциите се повикуваат со клик на копчето „Опции“ (бр.1 на сликата), кое се наоѓа во долниот алатник на панелот за внос на ставка. По кликнувањето, се отвора панел со опциите кои можат да се подесат.
Еднаш поставените опции се запомнети за тој тип на документ, и не треба повторно да се внесуваат. Подесувањето важи само за конретниот тип на документ (фактура, налог, порачка, итн.), и треба да се внесе за секој тип посебно (само по еднаш).

Панелот се затвора со клик на копчето Х во неговиот горен десен агол (број 3).

Во однос на контрола на повеќекратен/единечен внос на продукти во ставки на документот, че ги разгледуваме оние кои се заокружени и означени со број 2:

  1. Извести за двојно внесен продукт
  2. Двоен внос повикува поправка
  3. Забрани двоен внос на продукт

opcii_vnos_duplo_001

Ако се чекира „Извести за двојно внесен продукт“, тогаш, при повторен внос на веќе внесен артикал, програмата само ќе извести дека тој е веќе внесен, но ќе допушти да биде снимена ставката. (изгледот на известувањето е на следната слика).
Ова однесување може да се модифицира со опцијата „Двоен внос повикува поправка“, со која, ако е означена, повторно внесената шифра на продукт ќе ја повика на поправка ставката во која тој се наоѓа.
Доколку се избере „Забрани двоен внос на продукт“, апликацијата ќе извести дека има двоен продукт и нема да дозволи негов внос.

opcii_vnos_duplo_002