Блокирање на комитент значи дека за него не е можно да се изработи фактура, т.е. да се издаде стока. Другите документи (порачка од купувач, налог за испорака, итн.) можат да се изработуваат.

За да се означи комитент дека е блокиран, треба да се отвори неговото Досие.
Во Досието, при дното на панелот стои чекбокс (бр.1) кој треба да се кликне (чекира). Потоа, треба задолжително да се кликне на „Сними“ во долниот десен агол на панелот.
Тоа е сѐ. Комитентот е означен дека е блокиран.
blokiranje_komitent_001

При изработка на фактура или сличен документ, доколку се внесе шифра на комитент кој е блокиран, се добива следниов екран со предупредување и документот не може да се изработи..
blokiranje_komitent_002