Како се пријавува Составница-рецепт

Влези во „Производи/Ценовници“, кликни на „Продукти“ и во менито „Модули“ енаблирај го табот „Составница за сложени продукти“ (ако веќе не е енаблиран). По енаблирањето, освежи ја страницата (F5 или Ctrl-R) и ќе се појави нов таб – „Составница“. Ова се прави само еднаш, при следното стартување, табот ќе се појави. (Се разбира, може и да се одзначи, па да не се појави).

Selection_007

Прво, пријави го и сними го (во истиот програм, во табот „Основни“) новиот сложен продукт, со неговото име, класа и група 1 (најмалку). Стави даночна стапка, и пријави продажна цена во десната страна на панелот.
Кога ќе биде вносот готов, кликни на сними. Запиши ја на страна доделената шифра на новиот сложен продукт.

По освежувањето, избери го продуктот (внеси ја шифрата во полето „Каталошки број“), и, откако ќе се пополнат податоците, кликни на табот „Составница“.

​Составница во овој контекст значи „Рецептура“ или „Норматив“, не е документ, туку дефиниција на потребните компоненти во сложен продукт. Секоја составница-рецепт се внесува само еднаш за секој сложен продукт.​

Пораката за помош можеш да ја исклучиш со клик на „Х“ (бр.1).
Се гледаат две листи: левата (бр.2) се компонентите, десно (бр.3) се избраните компоненти во конкретната составница-рецепт.

​Продуктите се префрлаат со стрелките помеѓу двете листи (бр.4)​

Selection_004

Над левата листа, во празното поле, внеси шифра или дел од назив на продукт-компонента, и притисни или кликни на лупата. Во листата ќе се појави еден или повеќе продукти. Кликни на саканиот, потоа на зелената стрелка.
Ќе се отвори панел за потврда (слика подолу). Во овој панел се внесува количината на компонентата во составницата. Вообичаено е 1, но може да има и повеќе.. Полето „Во проценти“ остави го нечекирано. Полето „Активен“ мора да биде чекирано!
Кликни на „Сними“ ако е во ред, „Затвори“ ако се откажуваш.

Ако ја кликнеш сината стрелка (практично вадиш компонента од составницата-рецепт​от​), треба да се кликне на „Бриши“, за да се тргне од десната листа.
Овој процес се повторува со сите компоненти во рецептот.
Selection_005

Внос на документ Составница

После дефинираниот сложен продукт, може да се внесе документот „Составница“, кој се повикува од менито „Производи/Ценовници​“. Се отвора нормален екран со листа на составници. Се креира нов документ, и се преминува на насловот.
Овде, од интерес ни е десната страна на екранот.

Заглавие на документ составница

Најгоре, како и обично, се внесува купувачот (не е задолжителен, бидејќи може да се прави составница „за залиха“).
Подолу се внесуваат податоците за готовиот производ (бр.1, жолта позадина).

  • ​Во полето „Готов производ“ се внесува шифрата на сложениот продукт (кој претходно мора да биде пријавен, како што опишавме погоре)
  • Во полето „Количина“ се внесува количината која сакаме да ја „произведеме“. Тоа е бројот на комплети кои се составуваат според овој документ
  • Евентуално, се пополнуваат полињата „Гаранција“ и сериските броеви на готовите производи (ако ги има). Овие полиња не се задолжителни
  • Кликни на „Сними“ на врвот на екранот и потоа на „Внеси ставки“.

Насловот се снима со клик на копчето „Сними“ на врвот на екранот, а потоа се преминува на внос на ставки со клик на „Внос на ставки“…

Selection_008
Во вносот на ставки, во горниот лев панел, се гледаат продуктите-компоненти од рецептот, како и вкупните количини кои ќе се употребат, во зависност од внесената количина на готов производ, внесена во претходниот екран.
Сега останува ставките од левиот панел, на стандарден начин да се преземаат една по една и да се снимаат.
Кога ќе се „потрошат“, т.е. префрлат сите ставки, документот е готов.

Добиени документи

​Вносот на документ-Составница всушност продуцира два одвоени документи. Двата документи се изработуваат истовремено, не е потребна додатна обработка:

  1. Одобрение на магацинот за компонентите (суровините) кои се наведени во рецептот. Залихата на овие продукти е намалена за вкупната количина потрошена при изработка на составницата.
  2. Задолжение на магацинот за готови производи со готов производ кој се состои од компоненти според рецептот.

Со задолжението на магацинот со готовиот производ, всушност се создава залиха која може понатаму да се продава или пренесува.