Со оваа програма се овозможува преземање на порачките од дистрибутерите кои тие ги внесуваат во Online системот за нарачки.
Во горниот дел на екранот се листите за преглед на порачките. Лево е листата на порачки, а десно се добива листата на порачани продукти доколку се избере одредена порачка со кликнување на иконата во крајната десна колона на листата.
Во претполседната колона во листата на порачки се гледа статусот на секоја порачка, во форма на обоен квадрат — семафор. Доколку бојата на квадратот е зелена, порачката не е преземена. Црвена боја на квадратот значи дека порачката е веќе преземена и обработена.
Иницијално, во листата на порачки се гледаат само необработените документи. Доколку сакате да ги видите и обработените, кликнете на чекбоксот „Прикажи и преземени порачки“ во панелот „Подесувања“ (долен лев квадрант), па потоа на „Обнови“ во дното на листата на документи.
Начин на изведување на трансферот
За да се пренесат документи, потребно е тие претходно да се изберат. Само избраните документи ќе бидат пренесени. Документите во листата можат да се изберат групно, со кликнување на чекбоксот во насловот на листата, или поединечно, со кликнување на чекбоксот во првата лева колона на листата. Избраните документи ќе бидат со жолта позадина.
Нема да бидат пренесени веќе обработени документи, дури и да се избрани за пренос. Оваа забрана може да се заобиколио ако се кликне на чекбоксот„Дуплирај документ ако постои“.
После изборот на документи за пренос, се кликнува на „Почни трансфер“ (1).
Прогресот на трансферот се прикажува во десниот долен квадрант (2).