За да се намали оптоварувањето на системот, а и заради намалување на количината на информации, листата на документи во првиот екран на програмот за внос на документи може да се филтрира.

Понекогаш, филтерот е така поставен што некои постари документи не се излистани. Корисниците помислуваат дека се избришани, но не е така.

Сѐ што треба да се направи е да се постави филтерот на листата на документи.

Кликнете на копчето „Филтер“ на тулбарот (бр.1 на сликата), и ќе се отвори панелот со филтерски опции. Разгледајте го внимателно, за да ги видите опциите за филтрирање кои можат да ви помогнат во работењето.

За да се реши конкретниот проблем, подесете го денот на броеви наназад за кои се прикажуваат документи (бр. 2 на сликата). Може да се постави на број на денови или на бескрајно – вредноста е означена со три цртки „—“.

На крај, зачувајте го поставувањето со кликнување на линкот „Постави како стандарден филтер“ долу лево (бр. 3 на сликата). Во иднина, ќе ги гледате сите ваши документи во листата.

dokument-lista-filter