Процесните статуси се еден вид суб-статуси на документите. Тие попрецизно ја означуваат фазата на обработка на документот.
На пример, еден Налог за испорака можеби е изработен и неговиот внос завршен, но се појавува потреба да се знае кои се следните фази низ кои тој поминува, додека да се изработи Фактура.
Овие фази можат, на пример, да бидат:
Имајќи вака „обогатени“ информации, менаџерот на продажба/комерција или магацин, ќе има подобар увид на секој започнат процес во компанијата.
Повикување на дефиниција на процесни статуси
Модулот за дефинирање на процесни статуси се повикува во менито „Шифрирање“ (бр.1), потоа „Шифрирање на основни податоци“ (бр.2).
На крај, во страничното мени се избира „Процесни статуси – излезни“ или „Процесни статуси – влезни“ (бр.1 на следната – подолната – слика).
Дефинирање на процесни статуси
<..види ја сликата подолу..>
Во изборот на документи (бр.2) се избира типот на документот за кој се дефинираат статусите. Називот на овој тип се гледа во листата на документи.
Во полињата за внос (бр.3) се внесуваат информациите:
- Назив на статусот – описно, нпр. „Преземено за обработка“
- Ознака на статусот – интерен реден број на статусот, почнувајќи од 1, па натаму (2, 3…)
- Тип на документот за кој се однесува (треба да е ист како и во селекторот (бр.2)
- Дали е статусот активен (треба да е чекирано)
- Подредување во листата на статуси – се почнува од 10 за првиот, и се зголемува за 10 за секој следен (20, 30…)
На крај, се кликнува на „Сними“ (бр.4).
Треба да се знае дека овој процес треба да се повтори за секој поединечен тип на документ за кој се сака да се води процесен статус, дури и ако тие статуси се еднакви. Расположливите документи кои се изработуваат се гледаат во селекторот на документи (бр.1)
Употреба на процесни статуси
Статусите се користат во листата на документи.
- Се избира саканиот документ (бр.1).
- Се кликнува на копчето „Процесен статус“ (бр.2)
- Во панелот се клика на саканиот статус за да се означи завршеност/незавршеност (бр.3)