Податоците за отпадни материи за продукт може да се внесуваат од две места:
Поединечно внесување по артикал
Групно внесување за повеќе продукти одеднаш
Поединечно за секој продукт
Поединечно за секој продукт податоците се внесуваат преку програмата Продукти.
Се одбира продуктот за кој се внесува отпадниот материјал, и потоа се преминува во панел 3.
Од десната листа се одбира типот на отпад. Во „Количина“ се внесува тежината на отпадниот материјал изразена во килограми, користејќи децимална точка. На пр. Пластика 0.002 кг. (Слика 1).
Во полето „Назив“ може (но не е задожително) да се внесе додатен опис на материјалот, нпр. „Пластична кеса“ или слично.
Погрешно внесените редови се бришат со клик на иконката , која се наоѓа во крајната десна колона на редот.
Групно внесување
Групно внесување на отпадни материи за артикли се прави преку: „Производи/Ценовници -> Продукти-полиња /својства“.
Се одбира табот Додатни, се клика Отпадни материи.
Листата на артикли може да се исфилтрира на неколку начини: Активни/неактивни, Дел од назив, Производител, или Класификација.
Откако ќе се исфилтрира, се чекираат редовите за кои ќе се внесуаат податоци. Може да се изберат и сите одеднаш со кликање на најгорниот чек-бокс, во насловот на листата. Внимание! Одбирањето на сите одеднаш ги бира само артиклите на тековната страница.
Со кликање на копчето Преземи, продуктот се превзема на десната страна од прозорецот и за него се внесува количината на отпадните материи.
На копчето Сними се снимаат внесените отпадните материи и количината, со што се прикажуваат во листата на внесените типови на отпад и количина.
Од оваа листа, одреден ред може да се брише со кликање на иконката , во крајната десна колона.
Доколку отпадните материи се исти по количина и тип за сите одбрани продукти, со кликање на копчето Групно, се снимаат истите податоци за сите избрани продукти. (Слика 2)
Извештај- Спецификација на отпад
Извештајот за спецификација на отпад се наоѓа во Прегледи, Спецификација на отпад. Се внесува периодот за кој сакаме да добиеме извештај, на копчето извлечи преглед се добива извештајот за зададениот период.
Прегледот може да се извлече по продукт, вкупен потрошок на отпадни материи, или на ниво на прва класификациска група на продукти, групно за сите припадни артикли.
Прегледот по продукти може да се филтрира да ги излиста сите артикли во базата, или само оние со потрошен отпаден материјал (подразбрана вредност).
Прегледот може да се испринта или да се испрати по е маил на ист начин како и сите останати документи.