Чекор 1. Потребно е да ја преземете и инсталациската датотека за OpenVPN програмата. За ова имате линк во емаилот кој сте го добиле од нас.

Стартувајте го инсталацискиот програм за OpenVPN. Можеби ќе добиете предупредување, но тоа е сосема нормално, кликнете на Run:

Извршете ја комплетната инсталација на програмата, прифаќајќи ја лиценцата (I agree) и кликнувајќи на Next каде што е потребно

ЗАДОЛЖИТЕЛНО РЕСТАРТИЈАТЕ ГО КОМПЈУТЕРОТ ОТКАКО ИНСТАЛАЦИЈАТА ЌЕ ЗАВРШИ!


Чекор 2. Клучевите преземете ги од локацијата која ви е дадена во емаил пораката добиена од нашиот сервис.
Инсталирајте ја и оваа датотека со двоен-клик на неа. Инсталацијата трае многу кратко.


Чекор 3. За да можете да се споите на серверот, треба да го стартувате програмот OpenVPN GUI. Ако сте на Windows 7, направете десен-клик на иконката и изберете „Run as Administrator“

Откако ќе стартува, во десниот агол на екранот, до часовникот, ќе се појави иконка со две црвени мониторчиња. Ова е знак дека програмата е стартувана, но не е воспоставена врска.


Чекор 4. Врската се воспоставува со десен клик на иконката и избор на “Connect”.

Ќе се појави прозорец со прогресот на спојувањето, кое трае 10-тина секунди (не треба да кликате ништо, прозорецот сам ќе се исклучи ако е сѐ во ред).

Индикација за успешна конекција е кога иконката-индикатор ќе ја смени бојата на мониторите во зелено.