Автоматскиот увоз на ставки се прави од единствено од csv фајл. Конвертирањето на excel фајл во csv е објаснето овде креирање на csv фајл

  1. Откога ќе се креира Приемницата во  Внос на ставки,  во Опции се штиклира Дозволи увоз на ставки и се клика на Превчитај. Копчето за Увоз на ставки ќе се појави десно на горниот tool bar.Vnos na stavki
  2. Со клик на триаголникот на копчето Увоз на ставки, се појавува опција: Увоз од CSV датотека. По кликнување на таа опција, ќе се појави pop up екран во кој се превзема csv фајлот кој претходно сме го креирале и снимиле во компјутер. Задолжително се штиклираат полињата кои сакаме да ги увеземе и назначуваме со каков разделник на полиња (делимитер) се поделени колоните во csv фајлот. 
  3. Потоа се клика на Избери/Вчитај и се избира спремниот csv фајл.
  4. Откога ќе се увезат податоците, се добива информација за вкупно прнајдени ставки, непријавени продукти, прдукти кои не се внесени во листата на продукти. Преку овој програм има можност за брз внос на продукти со кликање на копчето Увези продукти. Системот ќе ве праша: „Дали сигурно ги увезуваш продуктите?“ по што е потребно да се избере ОК.uvezi-produkti
  5. Откога ќе се снимат новите продукти, повторно се клика на копчето Провери податоци. Доколу се  пријавени сите нови продукти, при следната проверка нема да се појават непријавени продукти. Со кликање на копчето Изврши увоз, се внесуваат сите ставки во применицата. Во приемницата ќе се појават онолку редови колку што се превземени од фајлот. Доколку се превзема нов фајл, ставките во приемницата ќе се дополнат во нов ред, а нема да се препокријат и во ситуација на увоз на продукт кој претходно е внесен.