Print Friendly, PDF & Email

Пресметки на параметрите

Во овие пресметки мора да се следи точен редослед на нивното изведување.
Доколку овој редослед не се почитува, нема да се случи никакво оштетување, туку податоците и пресметките нема да бидат ажурни за периодот од последното пресметување до тековното.
Но, треба да се знае дека одредени програми, заедно со пресметките, вршат и генерирање на документи/ставки во базата на податоци. Доколку случајно се пушти ваква програма, документите ќе мора рачно да бидат избришани. Подолу ќе објасниме во кои програми се случува ова.

Предуслови

Предуслов за почнување на пресметките е ажурно прокнижување на сите изводи, особено уплатите од дистрибутерите, затоа што најголемиот дел од пресметките (според дадената методологија) се потпира врз податоците за наплатени фактури во дадениот период.
Внесувањето на изводите, по себе, не е дел од овој субсистем, туку се врши во субсистемот за финансиско работење.

Редослед и динамика на пресметки

Редослед на извршувањето е следниов:

  1. Автоматско врзување
  2. Изработка на одобренија за рабат
  3. Пресметка на МЛ параметри

Во периодот на усогласување, овие треба да се пуштаат рачно, на крајот на секој работен ден. Кога ќе се заврши периодот на верификација, ќе се воспостави автоматски режим на пресметки, а рачното пуштање на пресметки ќе служи само за интервентни потреби.

1. Автоматско врзување

Прв чекор во пресметката е Автоматско врзување на плаќањата од дистрибутерите со фактурите за МЛ продажба кои им се издадени.
Според методологијата, ова затворање се врши по старост — т.е. се затвораат најстарите фактури со најстарите уплати, сѐ додека не се исцрпат сите уплати.
Ова понекогаш доведува и до делумно затворање на фактурите (зависно од уплатите), т.е. дистрибутерот има можност една фактура да ја плати во повеќе наврати, или обратно — една уплата да се распредели на повеќе фактури.
Делумно платените (затворени) фактури не влегуваат во понатамошните пресметки.

2. Изработка на одобренија за рабат

Втор чекор во пресметката е стартување на програмата за автоматска изработка на финансиски одобренија за одобрен рабат.
Според методологијата, дистрибутерите се поделени во две ценовни групи, од кои секоја има различна стапка на рабат (20% и 30%).
Оваа програма ги одбира фактурите кои се целосно платени или доплатени во месецот за кој се врши обработката, и потоа го пресметува рабатот на секоја од нив. Податоците за пресметаните рабати се чуваат аналитички, за секој дистрибутер, за секоја обработена фактура, во финансовата оператива.

При пресметката, за секој ден кој е влезен во пресметковниот период и за кој има потреба да се пресметува рабат, автоматски се отвора книговодствен налог со тип 99 — „Финансиски одобренија за рабат“.
Во овој налог се впишуваат ставки – одобренија со тип „Рабат по фактура – мултилевел“
За секој дистрибутер и фактура се генерира посебен став на книжење со износ кој е еднаков на пресметаниот рабат.
Контата на кои се врши книжењето се 2201 на потражна страна и контра-ставка на 7512 на долговна страна. Во секоја ставка е впишана и шифрата на дистрибутерот.
Овие налози можат потоа да се печатат и обработуваат како и било кој стандардно/рачно внесен налог.
Пресметката на рабатите се врши според дадената методологија.

3. Пресметка на МЛ параметри

Трет чекор во процесот на пресметка е пресметка на МЛ параметрите:

  • Остварени кредити врз основа на промет
  • Освоени бонуси врз основа на промет

Основ за сите пресметки е наплатениот промет во мрежата на секој дистрибутер (сопствениот и оној од припадниците на неговата хиерархија).

Кредити

Пресметката на кредитите се врши за дефиниран месец и за секој дистрибутер поединечно, и тоа од прометот кој самиот го направил и прометот кој е направен во неговата мрежа, но само за наплатените документи.
Основица за пресметката, според дадената методологија, е нето-вредноста на прометот (без пресметан ДДВ и без даден рабат).
Вредноста на поединечен кредит се задава на почетокот на пресметката, но неговата вредност е „запамтена“ за следната пресметка, или може да биде променета.
За пресметаните кредити и сите други параметри се води потполна аналитика по дистрибутер, фактура, основица за пресметка и пресметани кредити.

Бонуси

Бонусите се пресметуваат за одреден месец и за секој дистрибутер посебно, од прометот кој е направен во неговата мрежа (според дадената методологија).
Според методологијата, во пресметката влегуваат само наплатените фактури (во нето износ, без ДДВ и рабат), а не влегуваат прометите од дистрибутерите во мрежата чиј ранг е поголем од самиот дистрибутер за кој се врши пресметка.
За пресметаните бонуси се води потполна аналитика по дистрибутер, фактури влезени во пресметката, и пресметан бонус на ниво на документ.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.