Print Friendly, PDF & Email

Спецификација на ML промет

Во овој преглед се прикажани синтетички податоци за прометот во МЛ работењето, за секој дистрибутер во вкупен износ.

Параметри на прегледот се:

  • Година
  • Месец на пресметка

Прегледот ги содржи следниве колони:

  • Шифра на дистрибутер
  • Име на дистрибутер
  • Ранг на дистрибутер
  • Остварен сопствен промет кој е наплатен (во дадениот месец)
  • Остварен промет во мрежа кој е наплатен (во дадениот месец)
  • Остварени сопствени бодови (кредити)
  • Остварени кредити (бодови) во мрежата
  • Пресметан бонус од промет кој е наплатен (во дадениот месец)
  • Пресметан рабат од промет кој е наплатен (во дадениот месец)

Аналитика на промет за дистрибутер

Прегледот ја прикажува аналитичката пресметка на МЛ параметри за еден дистрибутер и за членовите во неговата мрежа – хиерархија (на прво ниво), т.е. таму каде што дистрибутерот е директен спонзор.
Параметри на прегледот се:

  • Дистрибутер за кој се извлекува прегледот
  • Година на пресметка
  • Месец на пресметка

Колони во прегледот:

  • Шифра на дистрибутер
  • Име на дистрибутер
  • Ранг на дистрибутер
  • Ниво на дистрибутерот во хиерархијата, со тоа што во првиот ред секогаш се наоѓа дистрибутерот за кој е извлечен прегледот, па затоа неговото ниво е нула.
  • Остварен промет кој е наплатен (во дадениот месец)
  • Остварени бодови (кредити)
  • Процент на бону
  • Пресметан бонус од промет кој е наплатен (во дадениот месец)

Аналитика на рабати за дистрибутер

Прегледот ги содржи сите фактури за кои е пресметан рабат, како и износот на пресметаниот рабат, за избраниот дистрибутер.
Параметри на прегледот се:

  • Дистрибутер за кој се извлекува прегледот
  • Година на пресметка
  • Месец на пресметка

Колони во прегледот:

  • Број на фактура која е влезена во пресметката
  • Датум на фактура
  • Бруто износ на фактурата (со пресметан ДДВ)
  • Нето износ на фактурата (без ДДВ) — основица за пресметка на рабатот
  • Рабат во проценти кој ќе биде применет
  • Пресметан рабат на дадената основица

Листа на нови договори по дистрибутер

Прегледот ги содржи сите новосклучени договори во дадениот период.
Овој преглед, според утврдената методологија, служи како основ за промовирање на дистрибутерите во следен ранг, доколку го исполниле (меѓу другите) и условот за склучување на одреден број на нови договори во месецот.
Параметри на прегледот се:

  • Година во која се извлекууваат податоците
  • Месец во кој се извлекууваат податоците

Колони во прегледот:

  • Реден број (#)
  • Шифра на дистрибутер – спонзор
  • Име на дистрибутер – спонзор
  • Ранг на дистрибутер – спонзор
  • Шифра на новозачленетиот дистрибутер
  • Име на новозачленетиот дистрибутер
  • Датум на склучување на договорот

Доколку колоните за дистрибутер-спонзор се празни, тоа значи дека новозачленетиот дистрибутер е зачленет самостојно, без спонзор (или таков не е наведен)

Промет за дистрибутер (прелиминарно)

ВНИМАНИЕ! Овој преглед се извлекува без земање во обзир на податокот дали е некоја фактура платена или не.
Поради тоа, можно е конечните прегледи да не се сложуваат со овој преглед.
Затоа, податоците кои се извлекуваат овде треба да се третираат само како прелиминарни и зависни од состојбата на уплатите.

Параметри на прегледот се:

  • Период за кој се извлекува прегледот
  • Дистрибутер за кој се извлекува прегледот
  • Начин на испис на прегледот
    • Аналитички: за целата мрежа на дистрибутерот
    • Сумарно: по гранки од ниво 1, т.е. таму каде што избраниот дистрибутер е директен спонзор, и
    • Збирно за дистрибутер: без аналитички ставки
  • Начин на подредување на слоговите (шифра/назив) — не се менува

Колони во прегледот:

  • Реден број на ставката
  • Ниво на дистрибутерот
  • Шифра на дистрибутерот
  • Име на дистрибутерот
  • Ранг на дистрибутерот
  • Шифра на под-дистрибутерот
  • Име на под-дистрибутерот
  • Ранг на под-дистрибутерот
  • Тип на документот-фактурата
  • Број на фактура која е влезена во пресметката
  • Датум на фактура
  • Датум на доспевање на фактура
  • Бруто износ на фактурата (со пресметан ДДВ)
  • Нето износ на фактурата (без пресметан ДДВ)
  • Број на пресметани кредити (бодови)

Промет за сите дистрибутери (прелиминарно)

ВНИМАНИЕ! Овој преглед се извлекува без земање во обзир на податокот дали е некоја фактура платена или не.
Поради тоа, можно е конечните прегледи да не се сложуваат со овој преглед.
Затоа, податоците кои се извлекуваат овде треба да се третираат само како прелиминарни и зависни од состојбата на уплатите.
Параметри на прегледот се:

  • Период за кој се извлекува прегледот
  • Начин на испис на прегледот — збирно за дистрибутер (не се менува)
  • Начин на подредување на слоговите (шифра/назив)

Колони во прегледот:

  • Реден број на ставката
  • Шифра на дистрибутерот
  • Име на дистрибутерот
  • Ранг на дистрибутерот
  • Ранг на под-дистрибутерот
  • Тип на документот-фактурата
  • Вкупен бруто износ на фактурите влезени во пресметката (со пресметан ДДВ)
  • Вкупен нето износ на фактурите влезени во пресметката (без пресметан ДДВ)
  • Број на пресметани кредити (бодови)

Спонзори за тип на дистрибутер

Ова е контролен преглед кој служи за проверка на мрежата, т.е. на спонзорите и нивните хиерархии-мрежи.
Тој се извлекува за секој ранг на дистрибутер посебно.
Параметри во прегледот се:

  • Ранг на дистрибутери
  • Статус на активност (активни/неактивни/сите заедно – активни+неактивни)

Колони во прегледот:

  • Реден број (#)
  • Шифра на дистрибутерот
  • Име на дистрибутерот
  • Ранг на дистрибутерот
  • Назив на рангот на дистрибутерот
  • Статус на активност на дистрибутерот (активен/деактивиран)
  • Спонзор на дистрибутерот – шифра (ако има спонзор)
  • Спонзор на дистрибутерот – име (ако има спонзор)
  • Статус на активност на спонзорот (активен/деактивиран)

Хиерархија на дистрибутери

Прегледот е наменет за преглед на екран и не може да се печати.

Листа на дистрибутери

Дистрибутерот се избира со кликнување на редот во листата на дистрибутери. Листата може да се филтрира по почетна буква, или со внесување на шифра или дел од име во полето за пребарување (и клик на „барај“)

Приказ на хиерархија

Овој преглед ја прикажува вистинската хиерархиска поставеност на дистрибутерот во вид на „дрво“ и “гранки“ (во долниот лев агол на екранот), за избраниот дистрибутер.
Во насловот на приказот, на десната страна се наоѓаат неколку активни икони кои можат да се кликнат.
Првата икона го брише приказот од екранот (тој може повторно да се повика со кликнување во горната листа).
Втората икона го подесува нивото на „зумирање“. За поголеми мрежи се користи помал „зум“.
Третата икона го проширува приказот преку целата широчина на екранот. Со повторен клик приказот се враќа во почетна состојба.

Детали за дистрибутер

Во долниот десен агол се гледаат основните податоци за избраниот дистрибутер. Тие можат да бидат изменети на лице место и да бидат снимени (со клик на „Сними“ во долниот дел на панелот).

Известување за бонус

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.